Настани SMUT

25 октомври, 2012

Концертна промоција на SMUT

Конечно, бендот СМАТ (SMUT) утре концертно го претставува својот нов музички материјал. После успешната промоција на новиот албум, промоцијата на новиот видео запис за песната „Срце на бина“ и концертните гостувања надвор од Македонија, хероите на домашната металкор сцена ќе ја почестат скопската публика со концертна промоција на материјалот од нивниот последен студиски албум „Мемоарите на скршениот човек“.

На 26ти октомври 2012 во ноќниот клуб Хавана, СМАТ го пречекуваат Скопје со несекојдневно енергична концерна вечер која ќе биде засилена и со настапите на нивните гости, групите Hardfaced (Охрид) и Outlaw (Скопје).

Влезниците во претпродажба можете да ги најдете во ЈУГОТОН РЕКОРДС, CUSTOM PUB, КАФЕ БРАВО, КАФЕ КРУГ (Аеродром) по цена од 200 денари, а истите на денот на концертот ќе чинат 250 денари. Концертот ќе започне во 21 часот.

Во продолжение погледнете го видео записот за нумерата „Срце на бина“ и подгответе се за незаборавно искуство!

 



Врати се горе ↑