Промоции 10982363_10153069698244190_982346033986192457_n

4 март, 2015

Концертна промоција на „Се плашам од Македонци“ на „Сетстат“, Попов и Коџабашија утревечер во МКЦ

„Се плашам од Македонци“ е насловот на заедничкиот проект наСетстат“, Мирко Попов и Никола Коџабашија, чија концертна промоција ќе се случи овој четврток, на 5 март, во 22 часот, во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар во Скопје.

 „Почитувани љубители на квалитетната музика, ’Се плашам од Македонци’ е албум – резултат на неочекувана, но во најмала рака интересна и необична трилатерална соработка на ’Сетстат’, Мирко Попов и Никола Коџабашија. Вистинска музичка авантура, која во исто време е уживање, предизвик и длабока духовна интроспекција. Првиот сингл од овој албум, композицијата ’Кругови’, беше прогласен за сингл на годината 2014 според култното музичко радио ’Канал 103’,

 

На 5 март, четврток, во киното Фросина, МКЦ, ќе можете на проследите концертна промоција и настап на ’Сетстат’ и Мирко Попов. Не пропуштајте! Kартите по цена од 250 денари во претпродажба може да ги набавите на билетарницата на МКЦ. Вечерта пред концертот ќе чинат 300 денари. Земете во претпродажба“, пишува во соопштението за настанот.

На самата вечер на концертот ќе имате можност да набавите цеде по промотивна цена од 200 денари.



Врати се горе ↑