Промоции

28 ноември, 2017

Концертна промоција на „Рожба“ од составот „Портал“

Марјан Јанкоски и музичкиот состав „Портал“ ќе го промовираат најновото цеде насловено „Рожба“ на 18. „Есенски музички свечености“. Цедето содржи 11 композиции, од кои 3 се народни, а на осум е потпишан Јанкоски како автор. Една од песните е и „Мило чедо“, која што е посветена на Тоше Проески.

„Сакавме да му се оддолжиме на Тоше за се што направи. ’Мило чедо’ е авторско дело за мојот пријател и соработник“, рече Јанкоски на прес-конференција со која беше најавена годинашната манифестација „Есенски музички свечености“.

Промоцијата ќе се одржи во Музејот на македонската борба со почеток од 20 часот.

24058724_1609179372482361_160682423700466464_n



Врати се горе ↑