Настани

3 септември, 2018

Концертна промоција на првиот албум на „Мол-пек“

По успешната слушачка промоција на деби-албумот „Gambling Man“, новиот македонски блуз-состав „Мол-пек“ (Тhe Mole Pack), на 16 септември (недела) во „Маракана“ и концертно ќе го промовира материјалот од своето првенче.

„Gambling Man“ е инспириран од прогресивната блуз-рок сцена од доцните 1960-ти и раните 1970-ти години. Албумот се состои од девет песни во кои покрај блуз и рок има доза на фанк, соул, па дури и малку кантри-влијание.

„Мол-пек“ се:  Димитар Даневски (ритам и соло-гитара), Александар Ѓорѓиески (вокал и усна хармоника), Теодор Бошков (бас-гитара) и Глигор “Гишо” Динев(тапани). Пријатели и музичари кои имаат значајна улога и го комплетираат чопорот се: Дарко Стојоски (ритам и соло-гитара), Златко Андријевски (ритам и соло-гитара), Бранко Сапламаев (клавијатура), Влатко Сапламаев (клавијатура) и други блиски пријатели.

Е па другари, после слушачката промоција, редно е да се качиме на бина, нели?Па така, со огромно задоволство ве каниме…

Gepostet von The Mole Pack am Montag, 3. September 2018

 



Врати се горе ↑