Концерт Bad-copy

12 август, 2013

Концертна промоција на новиот албум од Бед Копи во Сектор 909

Белградскиот хип-хоп состав Бед Копи (Bad Copy) во април годинава го претстави новиот албум насловен „Кригле“, кој е прво студиско издание по „Најгори до сада“ од 2006 година. Новото издание содржи 22 песни, меѓу кои и хитот „Љубов или пиво“. Новиот материјал ќе биде концертно претставен и во Скопје, а настапот кој ќе се одржи во летниот клуб Сектор 909 е закажан за четврток (15-ти август) со почеток на полноќ. Влезниците се по цена од 200 денари.

Сите 22 песни од „Кригле“ можете да ги преслушате во продолжение.

 



Врати се горе ↑