Промоции ef635329-e9d7-4481-bd71-1aa13d56a2e3

19 декември, 2014

Концертна промоција на новиот албум „Indian Summer“ на „Џун“

Бендот „Џун“ (JUNE) со концертна промоција го претставува своето второ студиско издание, новиот албум насловен Indian Summer кој групата го објавува под капата на „Пасворд Продакшн“Концертната промоција на „Indian Summer“ ќе се одржи на 22 декември (понеделник), во кафе-барот  „Соулматик“ (Дебар Маало, Скопје)  со почеток во 21 часот.

Како група која со својот специфичен музички израз влева свежина на домашната сцена, „Џун“ ја претставуваат емотивната страна на префинетиот инди-поп, а со одлично спакуваната музика на „Indian Summer“ презентира ново креативно задоволство за музичките сладокусци. Албумот на кој се наоѓаат 10 песни е снимен, миксан и мастериран со Ивица Јанкуловски во „marryPhat Studio“,  а продуциран од Кристијан Евго и Филип Арсов.

Како креатори на новиот материјал се потпишуваат членовите на „Џун“: Бојана Низамовска – вокал, акустична гитара, Филип Арсов – акустична гитара, електрична гитара, придружни вокали, Данчо Поповски – бас и Анте Гулин – тапани, усна хармоника , придружни вокали.

Гости на вториот албум на „June“ се Кристијан Евго – акустична гитара, електрична гитара, придружни вокали, укулеле, Јане Трајковски – труба, Огнен Анастасовски – пиано, родес, хамонд, Александар Ниниќ – туба,  Ненад Тонкин – пиано, хармоника и Горан Муратовски – виолина.

Дизајнот го направи Кристијан Ристески – Кинџо, а албумот е 17. издание на „Пасворд Продакшн“.

Влезот на концертната промоцијата на „INDIAN SUMMER” е слободен за сите посетители, а како што најавуваат од бендот,  промоцијата ќе биде збогатена со настап и на дел од гостите на албумот. Покрај тоа, посетителите ќе имаат можност први да го набават новиот албум кој само за оваа промоција ќе биде достапен во лимитиран тираж, а на почетокот на следната година ќе се најде и во сите поголеми музички продавници кај нас.

Поканата од „ЏУН“ за концертната промоција и најавата за она што нè очекува на овој албум, стигна и со објавувањето на одличниот сингл „Count your Blessings“, кој можете да го преслушате во продолжение.

 

„ЏУН“  е формиран во октомври 2010 година кога дава нова свежина на македонската музичка сцена преку свирење инди поп и американа, со доза на акустичен кантри поп. Досега настапувале на повеќе фестивали и концерти како „Таксират“ (2010) со „Нувел ваг“, „Егзит“ (2011) , „Здраво Млади“ (2012), „ПИН Конференција“ (2012), како и многу помали концерти.

Нивниот прв албум „Someday soon“ (достапен за бесплатно преземањеизлезе во јуни 2012 година.



Врати се горе ↑