Промоции 417992_2635489061960_2108052994_n

14 јануари, 2013

Концертна промоција на „Антитело“ во Битола

Битолскиот состав Фолтин, кој неодамна го објави новиот мини албум „Антитело“ и го промовираше во МКЦ во Скопје, сега новиот материјал концертно ќе го промовира и на домашен терен, во Центарот за култура во Битола. На албумот кој претставува продолжение на нивното последно издание „Оваа трансплатирана машина за чукање до сега не типкала љубовно писмо“ од 2008 година, се наоѓаат 6 нумери, односно вкупно 17 минути материјал.  Во овој период, битолскиот бенд работеше заедно со Никола Kоџабашија и Гоце Стевковски на албумот „Penelope X“. Но „Антитело“ е нивно прво самостојно издание по пет години пауза. Материјалот е снимен во студиото „Тра Ла Ла“ заедно со Мите Димовски, а како издавач се јавува МКЦ Скопје.

Промоцијата е закажана за четврток, 17-ти јануари со почеток од 22 часот, а влезот е 100 денари.

(Фото: Сашо Паркет)




Врати се горе ↑