Концерт muger-e1358754944567

21 јануари, 2013

Концертна промоција на албумот „Ла кања“ од „Мугер фугер“

Скопскиот инди рок состав „Мугер фугер“ на 8 февруари во МКЦ со почеток од 21 часот, концертно ќе го промовира нивниот албум насловен „Ла кања“, кој беше промовиран минатата година на 14 септемви. Ова издание е богатство од различни сензибилитети и креативци, меѓу кои Горан Трајкоски („Падот на Византија“, „Анастасија“, „Мизар“), Драган Гиновски – Гино („Архангел“), Зоран Тортевски („Хармосини“, „Мизар“), мултиталентираните Сашко Костов и Ади Имери, виртуозот Мухамед Ибрахими, како и поетот Џабир Дерала.

Едни од ексклузивните гости на овој музички настан ќе бидат и „Ласт експедишн“, кои ќе настапат со неколку од своите хитови, потоа „Ексик“, а како предгрупа ќе настапат „Блек енд вајс соушл клаб“ (The Black & Vice Social Club) предводени од Ади Имери (вокал и гитара), воедно најавувајќи го нивниот деби албум кој се очекува да излезе наскоро.

Билети во претпродажба во 1/2 Југотон
од 21 јануари до 27 јануари 2013 – цена: 150 ден,
од 27 јануари до 8 февруари 2013- цена: 200 ден.
Влез на врата: 300 ден.

Извор: МММ



Врати се горе ↑