Концерт 945229_320026891463691_1037077630_n

4 јули, 2013

Концертна промоција на „7 Stories“ од „Гоце Стевковски септет“

Новиот музички проект на реномираниот македонски тапанар Гоце Стевковски едноставно наречен „Гоце Стевковски септет во петок (05.07.2013) концертно ќе го промовира албумот „7 Stories“Промоцијата е закажана за 21.30 часот во „Сули ан“ во Старата скопска чаршија.

Албумот кој неодамна се појави под етикетата на „Пасврод продакшн“ за првпат ќе биде концертно промовиран во главниот град на РМ, Скопје. На сцената Стевковски ќе го придружуваат и Трајко Велков, Иван Иванов, Дамир Имери, Сашко Николовски, Оливер Јосифовски и Оскар Салас, како и уште некои гости изненадувања.

Влезот за концертната промоција ќе биде слободен.

 

Гоце Стевковски низ годините се филтрира како еден од најистакнатите македонски тапанари и перкусионисти во Македонија. Запаметен по соработката со Кирил Џајковски, „Леб и сол“, „Архангел“, „Ласт експедишн“, „Проект жлуст“, „ДНО“, Коџабашија, „Фолтин“, Бодан Арсовски и Езгија оркестра, „Шаревски квартет“, Зоран Маџиров и останатите, Стевковски во 2013 година се издигнува на повисоко ниво компонирајќи го својот деби албум насловен 7 Stories“ заедно со повеќе етаблирани македонски музичари во проектот едноставно именуван „Гоце Стевковски септет“.

„7 Stories“ е плод на успешна соработка со Кире Кузманов, Иван Иванов, Трајко Велков, Дамир Имери, Сашко Николовски, Александар Икономов и Оскар Салас кој се јавува како гостин на некои од темите. Албумот содржи седум авторски композиции на Стевковски, снимени во Чикен меднес студиото од страна на Ален Хаџи-Стефанов. Истиот се потпишува и за миксот и мастерингот на албумот, додека за дизајнот на обвивката е одговорна Ника Гавровска.

Инаку Стевковски досега учествувал на голем број интернационални фестивали како што се Егзит, Пиво фест во Белград, Грин фест во Инџија, Загреб, Умбрија Џез Белград, Клузоне џез фестивал Италија, Париз – Франција и други фестивали низ Европа, настапи во Опера хаус Канада, има соработувано на голем број на проекти и работилници, театарски претстави и музика за филмови



Врати се горе ↑