Македонија

11 јануари, 2019

Концертите на Каролина со филхармонијата се распродадени

Двата концерта на Каролина Гочева со оркестарот на Македонската филхармонија, кои ќе се одржат на 15 и 16 февруари, се комплетно распродадени, соопштија од „Авалон“. „Се гледаме со оние коишто успеаја да дојдат до влезници“, порачаа од продукцијата и, за жал, не најавија трет.

Како што е познато, на концертите Каролина ќе ги отпее своите најубави и најдраги песни кои ги испеала низ годините, со комплетно нови и раскошни аранжмани.

Пејачката претходно ќе биде дел и од првото доделување на регионалните музички награди МАС 2019, кое ќе се одржи на 29 јануари во арената „Штарк“ во Белград, а нејзината песна „Ти не дојде“ е номинирана во категоријата за најдобра етно-песна.

Гласањето е сè уште во тек.



Врати се горе ↑