Концерт PD photo 2

20 март, 2013

Концертен настап на Перо Дефформеро во клуб Хавана

Клубот Хавана Ви најавува ултра супер забава на 12-ти април (петок) со почеток во 21 часот. Станува збор за концертен настап на бендот Перо Дефформеро кој е формиран во 1993 година од страна на гитаристот Саша Фриш со првична идеја за комбинирање на хеви метал/ прогресив метал. Понатаму бендот се развива и со нов правец, односно со додаток на турбо фолк, а оваа нова димензија ја добива во почетокот на деведесетите години, кога Саша ја напишал песната „Vece na plazi“ (подоцна снимена како „Ostavljen sam ja“).

Како поддршка на Фриш му се придружуваат Драган „Снеки“ Јовановиќ (задолжен за снимање и продукција) и Жељко Јојкиќ – Син како вокал. Набрзо ја создава легендарната „Srca tvoga plam“ (подоцна снимена како „Doshli smo do kraja puta“). Формирањето на првата формација се заокружува со доаѓањето на Тибор Лакатош (бас гитара) и Срѓан Миловановиќ (тапани). Бендот го добива името според лик од стрипот Алан Форд.

Во 1994 година го снимаат својот деби албум насловен како „Pero Defformero“, а истиот го објавуваат во 1995 година за издавачката куќа Music Yuser. Истата година, на местото вокал се приклучува Горан Бишевац – Бишке и Мирослав Мијатовиќ – Мире (бас гитара). Во 1997, со новата формација, го снимаат својот втор албум „Pero Defformero II“ (познат како „Nazovi drugi album“ или „Napalm, nitro, turbo, Disko“) кој никогаш не доживува свое официјално издание. Истата година бендот ја започнува својата пауза која траше се до 2003та година.

Од 2003 година се повторно активни. Снимаат ново демо кое е објавено на нивната Myspace страница, учествуваат во компилација во чест на Ѓорѓе Балашевиќ„Neki novi klinci“ со обработка на песната „Jaroslava“. Во 2008 година почнуваат со снимање на новиот материјал, кој во 2009 година е издаден за Multimedia Records, под името „UNDERGRAND“.

Во моментов работат на новиот албум насловен како „Novokomponovani Senti-Metal“, кој е ќе биде објавен годинава.

Членовите во бендот кои на овој концертен настап ќе имаме можност да ги чуеме се: вокал: Горан Бишевац – Бишке, гитара: Саша Фриш, тапани: Слободан Станојевиќ и бас гитара: Ненад Ковачевиќ.

Дискографија на бендот:
Pero Defformero (1995)
UNDERGRAND (2009)

Картите ќе бидат во претпродажба во Custom Pub од 25-ти март (понеделник) по претпродажна цена од 200 денари.

 



Врати се горе ↑