Концерт

30 април, 2019

Концерт во чест на „Дорс“ на 16 мај во Битола

На 16 мај во Центарот за култура во Битола ќе се одржи концерт во чест на легендарниот бенд „Дорс“ (The Doors), чии хитови ќе ги изведува битолскиот состав „Ерапшн“ (Eruption), трибјут-бенд на едни од најлегендарните и највлијателни рок и хеви-метал групи во историјата.

Михајло Сак (вокал), Горан (бас), Никола (тапани), Кристијан (гитара) и Петар (клавијатури) најавуваат двочасовно уживање за сите љубители на музиката на „Дорс“, а влезниците по цена од 150 денари се веќе пуштени во продажба во билетарницата на Центарот за култура во Битола.

Настанот е со почеток од 21.00 часот.

 

Како загревање за претстојниот концерт, уживајте со изведбата на „Break On Through“ на вокалистот Михајло Сак со Камерниот оркестар на Битола, дел од нивната добро позната „Рок-симфонија“.

И.Ј.



Врати се горе ↑