Концерт

6 март, 2018

Концерт во чест на Дејвид Боуви на 31 март во Скопје

На 31 март во малата сала на ВИП арената „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт насловен „Мистер Зиги енд д глас-спајдерс“ (Mr. Ziggy And The GlassSpiders), трибјут-бендот за легендарниот Дејвид Боуви (David Bowie). Вратите ќе бидат отворени уште во 20 часот кога ќе се проектира документарниот филм за познатиот музичар, а концертот ќе почне во 21 часот.

Бендот постои од 1991 година и досега реализирал бројни настапи и турнеи во цела Европа. Во 1993 година се наградени како „Најдобар трибјут-бенд во Рим“. Групата изведува песни од различни периоди од богатиот опус на Боуви и за 2 и пол часа, колку што вообичаено траат нивните настапи, ќе ги свират најголемите хитови на господинот на популарната музика, како што го нарекуваат тие, големиот Дејвид Боуви.

 

На концертот ќе има и дуети на кои ќе настапат, наши – домашни музички артисти кои заедно со „Мистер Зиги енд д глас-спајдерс“ ќе ги отпеат безвременските дуети на Боуви кои ги отпеја заедно со „Квин“, Тина Тарнер и Мик Џегер.

Влезниците во претпродажба за концертот се пуштени денеска, 6 март, во 14 часот по цена од 350 денари. Од 19 март, понеделник, цената на влезниците ќе чини 400 денари, а на самиот ден на концертот на вратата на малата сала на ВИП арената влезниците ќе чинат 500 денари.

Влезниците може да се најдат во „Југотон“, во (ГТЦ) и продажната мрежа на „Тикет плус“, како и онлајн на: ticketplus.mk и jugoton.mk. Концертот ќе биде поставен по сите светски стандарди што се однесува до изгледот и дизајнот на сцената, осветлувањето, звукот и визуелните ефекти.



Врати се горе ↑