Концерт koncert-stefan-gajdov

7 мај, 2015

Концерт од хорското творештво на Стефан Гајдов‏

Оваа година одбележуваме 110 години од раѓањето на македонскиот композитор Стефан Гајдов (1905 – 1992), кој со своето творештво дал значаен придонес во развојот на македонската музичка култура и уметност. Најголем дел од неговиот опус заземаат хорските композиции, кои најчесто во себе го носат духот на македонскиот народен мелос.

За таа цел, Факултетот за музичка уметност во Скопје, организира концерт во чест на овој македонски музички деец, насловен „Од хорското творештво на Стефан Гајдов“. Концертот ќе се одржи на 8 мај (петок), во фоајето на Македонската опера и балет, каде мешаниот хор при Факултетот предводен од професорот – маестро Ивица Зориќ, ќе изведе повеќе хорски композиции од овој автор.

Концертот е со почеток во 19 часот, а влезот е слободен.



Врати се горе ↑