Концерт

11 јули, 2018

Концерт на зајдисонце на Владимир Четкар на плажата „Бонанца“ во Охрид

На 20 јули, Владимир Четкар ќе настапи на плажата „Бонанца“ во Охрид. Концертот ќе почне во 19.00 часот, а посетителите освен во музиката ќе можат да уживаат и во прекрасното охридско зајдисонце. Карти за концертот ќе се продаваат по симболична цена од 200 денари во Охрид на плажата „Бонанца“ и ресторанот „Белведере“ во центарот на градот, како и во Скопје во „Чув Де Чув“.

Владимир Четкар ќе настапи во секстет постава која ја сочинуваат Трајко Велков на труба, Борислав Веселинов на тенор-саксофон, Филип Стевановски на тромбон, Ѓоле Максимовски на бас и Виктор Филиповски на тапани.

Фотографија: Миа Медаковиќ Топаловиќ


Врати се горе ↑