Концерт vlatko_stefanovski_flaer

16 август, 2014

Концерт на Влатко Стефановски вечерва во Хераклеја во Битола

Вечерва со почеток од 21 часот во античкиот театар Хераклеја во Битола ќе се одржи концерт на Влатко Стефановски. Битолчани ќе имаат можност да уживаат со песните од сите 32 студиски албуми на Стефановски, вклучувајќи го и актуелниот „Сеир“. Целовечерниот концерт, кој е во рамките на „Бит Фест 2014“, е дел од турнејата со која музичарот одбележува 40 години кариера.

По концертот во Битола, Стефановски заедно со Мирослав Тадиќ ќе настапи и во Куршумли Ан во Скопје. Генерален спонзор на концертите е „Македонски телеком“.



Врати се горе ↑