Концерт vj-khrklj

26 август, 2014

Концерт на Владо Јаневски за крај на „Бит Фест 2014“

Во петок, 29 август со концерт на познатиот македонски пејач Владо Јаневски ќе се затори најдолгото културно лето во Македонија, „Бит Фест 2014“, а концертот кој ќе се одржи во античкиот театар „Хераклеја“ ќе започне во 21 часот. И последните денови на битолското културно лето се исполнети со богата и разновидна програма која вклучува поетско попладне со Венко Андоновски, изложба на Сашо Ристевски и проекција на документарниот филм „Битола – град сцена“. Програмата за настаните предвидени за среда и петок можете да ја погледнете во продолжение.

среда, 27 август

21.00 часот Летна сцена, Тумбе кафе

Концерт „Меланхолична вечер“, Кули

 

петок, 29 август

19.00 часот – Магаза

Сиже и фабула“ – поетско попладне со Венко Андоновски

20.00 часот – Магаза, изложба „Бит Фест 2014“

 

Сашо Ристевски

20.00 часот – Хераклеја, проекција на документарен филм за БИТ ФЕСТ

„Битола-град сцена“

21.00 часот – Хераклеја, затворање на БИТ ФЕСТ 2014

Концерт на Владо Јаневски



Врати се горе ↑