Концерт

9 јули, 2019

Концерт на Владо Георгиев на 13 јули во Битола

Популарниот српски музичар Владо Георгиев в сабота, на 13 јули ќе одржи концерт во античкиот театар Хераклеја во Битола. Концертот е во рамките на битолското културно лето „Бит-фест 2019“ и е под покровителство на Министерството за култура и општина Битола.

Влезниците во претпродажба чинат 400 денари, а на денот на концертот во билетарницата на Хераклеја ќе чинат 500 денари. Истите можете да ги набавите на штандот на Широк Сокак (пред „Веро“), во вино-барот „Буре“ и во винаријата „Чифлик“.

Настанот е со почеток од 21.00 часот.



Врати се горе ↑