Македонија GROVE 35, NYC

4 јануари, 2016

Концерт на Владимир Четкар во Менхетен

Во сабота, 9 јануари, во 20.15 часот, Владимир Четкар ќе го одржи својот прв концерт оваа година во Менхетен, Њујорк. Концертот ќе го одржи во познатиот концертен клуб „ДРОМ“, каде ќе настапи со септет во кој ќе членуваат извонредните њујоршки инструменталисти Арон Хенри на тенор саксофон, Коди Ролинс на труба, Кори Волис на тромбон, Владан Мијатовиќ на клавијатури, Мото Фукушима на бас и Џефри Фахардо на тапани.

Четкар ќе се претстави со свој композиции и аранжмани, а билетите кои се веќе пуштени во продажба, можат да се набават на официјалната страна на клубот.

Инаку новогодишната ноќ Четкар имаше ретка привилегија работно да ја помине во Кони Ајленд, во клубот „Елдорадо“, заедно со прочуените Ники Сиано (официјалниот диџеј на легендарното „Студио 54“), како и со диско соул ѕвездите Мелба Мур, Рејчел Флеминг и ДиСи Лару, со кого Четкар вечерта заедно настапи на сцена.



Врати се горе ↑