Концерт 11537696_867339949969243_5817133462150980841_n

20 август, 2015

Концерт на „Визија“, „Колт“ и Австријците „Фи“ во Скопје‏

На 24 август (понеделник) скопските бендови Визија“Колт и австриското рок трио „Фи“ (Phi), ќе настапат во клубот „Хавана“ (градски парк) во Скопје со почеток во 20 часот.

Бендот „Фи“ (Phi) од Австрија овој месец ја започнува нивната европска турнеја промовирајќи го нивниот нов албум „Now the Waves of Sound Remain“. Бендот има настапувано во Австрија, Германија, Швајцарија, Унгарија, Романија и Литванија, а ова ќе биде нивниот прв настап во Македонија. Во својот нов албум бендот, кој потекнува од Баден, создава звук кој е споредлив со оној на „Раш“ (Rush), „Тул“ (Tool) и „Поркјупајн три“ (Porcupine Tree).

Покрај „Фи“ ќе настапи и скопскиот алтернативен рок бенд „Визија“, бенд кој неодамна доби одлични критки од неколку британски и американски музички новинари, а бележи настапи на познатите фестивали „Заечарска Гитаријада“, „Миксер“ (Србија), „Јелен демофест“ (БиХ), „Лејк фест“ (Црна Гора), „Рок д бордерс“ (Бугарија), „Таксират“, „Т’к – Так“, „Пиволенд“ (Македонија)… Неодамна, британскиот музички портал „Имрџинг инди бенд“ (Emerging Indie Bands) го постави бендот Визија на седмото место на нивната листа од 90 најдобри нови бендови од светот за 2014 година.

Бендот „Колт“ е рок состав од Скопје формиран во 2014 година. Минатата година тие го изададоа нивниот прв албум „Equillibrium“, составен од 11 песни. Нивниот прв настап беше во ноември 2014 година на „Лузер фест“, а по една недела настапија и на 30. издание на „Рок фест“ во Младинскиот Културен центар. Во февруари „Колт“ настапи на третото издание на фестивалот „Земјотрес“ и започна со симање на нивниот втор студиски албум.

Цената за концертот изнесува 150 денари.



Врати се горе ↑