Концерт Varijanta 1

11 февруари, 2015

Концерт на „Тумбао салса бенд“ во Универзална сала

Кубанските палми, песок и море преку музиката на „Тумбао салса бенд“ ќе се пренесат во Универзалната сала на четврти март кога членовите на овој бенд ќе одржат концерт во Скопје.

„Спојот на салса и македонски мелос се покажа како добитна комбинација, а како резултат на позитивниот фидбек од публиката настана и албумот ’Бела Салсита’,на кој се наоѓаат единаесет нумери, од кои некои преработки на стари македонски песни, неколку авторски и една преработка на стара кубанска мелодија“, изјави на средбата со новинарите Петар Ренџов, додавајќи „Осуммината членови на Тумбао Салса Бенд Ве очекуваат на 4 март во Универзална каде ќе Ви приредат врвно концертно уживање. На  концертот наши гости ќе бидат ’Азафран микс’, бенд од Куба, со кој одлично се забавувавме на минатогодишното издание на Златна Бубамара на популарноста.

„Тумбао салса бенд“ со „Азафран микс“

Членовите на „Тумбао салса бенд“: Петар Ренџов, Сенад Усеин, Алек Секуловски, Горан Гешовски, Марко Де Одорико, Билјана Ѓошева, Мартина Христовска и Арсо Јаневски, веќе неколку години успешно ја пренесуваат позитивната енергија од една далечна култура и на тој начин со спојот на салсата и македонскиот мелос докажуваат дека музиката е единствената работа на овој свет која не познава ниту граници, ниту јазици.



Врати се горе ↑