Концерт rsjf poster

6 октомври, 2015

Концерт на „Ротердам ска-џез фаундејшн“ во Скопје

Здружението „КУЛТИ ВАТОР“ од Скопје и МКЦ ви најавуваат одличен концерт на холандскиот состав „Ротердам ска-џез фаундејшн“ (Rotterdam Ska-Jazz Foundation). Шестчлениот состав зад себе има бројни студиски и компилациски изданија и преку 500 концерти на неколку континенти.

Концертот во Скопје е во рамките на нивната европска турнеја во која ќе посетат преку дваесетина земји. Настанот е закажан за 22 октомври (четврток) во бифето на МКЦ, со почеток од 21 часот. Локална поддршка ќе имаат од диџеј дуото „Ска систаз“ (ИренСка и Раста Грл), а влезниците се по цена од 200 денари.

Покрај Скопје, уште една станица во Македонија за бендот ќе биде и прилепскиот џез клуб „Тејк 5“, каде што ќе настапат на 24 октомври.

 



Врати се горе ↑