Концерт

20 декември, 2018

Концерт на оперската пејачка Мила Јаневска во Македонската филхармонија

Во просториите на Македонската филхармонија во среда на 26 декември ќе биде одржан концерт на македонската оперска пејачка Мила Јаневска. На концертот ќе бидат изведени дела од Моцарт, Штраус, Рахманинов, Дворжак и Глук.

Концертот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, а за организацијата се погрижила самата пејачка. Инаку, Мила Јаневска е од Скопје и студент во 4. година на Универзитетот во Виена.



Врати се горе ↑