Концерт timthumb

19 септември, 2013

Концерт на Оливер Драгојевиќ во Скопје

По Џибони, во ноември пред македонската публика ќе запее уште еден легендарен хрватски музичар. Станува збор за далматинската легенда Оливер Драгојевиќ чиј концерт е закажан за 29-ти ноември во спортската арена „Борис Трајковски“, со почеток од 21 часот.

Неколкучасовниот концерт исполнет со многу љубов и емоции, кој за миг во главниот град на Македонија ќе го донесе мирисот на Јадранот, воедно ќе биде и промоција на новиот албум на Оливер Драгjоевиќ, „Тишина мора”, кој е објавен во мај годинава под етикетата на Кроациа Рекордс и содржи 11 песни. Како гостин се најавува неговиот помлад колега, познатиот хрватски музичар Петар Грашо.

Организатор на концертот на Драгојевиќ е туристичката агенција Гуливер Милс, која најавува дека картите ќе бидат пуштени во продажба на добро познатите места од 5-ти октомври, а сите заинтересирани за подетални информации и резервации можат да се обратат на телефонскиот број на агенцијата: 02/3109-850.

Во продолжение уживајте со видео записот за темата „Моје липо“.

 Извор: denesen.mk



Врати се горе ↑