Балкан nina-badric

19 октомври, 2012

Концерт на Нина Бадриќ во Белград

Хрватската поп дива која заедно со браќата Тавитјан ја отпеа „Не кажувај либе добра ноќ“ на 26ти овој месец ќе одржи концерт за своите фанови во „Комбанк Арена“ во Белград, Србија. Неодамна во едно интервју, таа призна дека Белградската Арена која што претставува предизвик за многу музичари е и нејзин долгогодишен сон. Вели дека е возбудена и подготвена да даде сè од себе, а кога ги видела плакатите за настанот, сфатила дека сонот и’ се исполнил.

По настапот на Евросонг годинава каде што ја претставуваше нејзината земја со песната „Небо“, со која за жал не успеа да се пласира во финалето, Нина неодамна промовираше видео запис за нејзиниот најнов сингл „Сањам да смо скупа ми“ (Сонувам дека сме ние заедно), кој што се снимаше на прекрасни локации во Опатија и Кварнер, како и на траектот за островот Црес, додека љубовните сцени со Леон Лучев, кој исто има улога во спотот, се снимени во хотелот „Моцарт“ во Опатија. Текстот на песната е потпишан од самата Нина, а музиката заеднички ја потпишуваат Нина и Анте Гело. Песната веќе бележи одлични резултати на регионалните топ листи.

Во продолжение погледнете го видеото, а ние и’ посакуваме многу среќа на Нина, па наскоро ја очекуваме со концерт и во Македонија.

 



Врати се горе ↑