Концерт

15 мај, 2018

Концерт на Нина Бадриќ на 9 јуни во Скопје

По распродадените „Сава центар“ во Белград и српското Народно позориште, хрватската поп-ѕвезда Нина Бадриќ конечно доаѓа во Скопје на голем солистички концерт, кој ќе се одржи на 9 јуни во Македонската филхармонија. Пејачката минатата година ја претстави и новата песна „Мијења се вријеме“, каде што фановите ги воодушеви со новиот изглед, како и со изборот на песна која има навистина светски звук.

 

Долгогодишната кариера, бројните награди и насловни страници, синглови кои владееја и сè уште владеат на радиските топ-листи… сето тоа оди во прилог на убавата пејачка, но најмногу на прекрасната и верна публика која до последно место ги полнела најголемите концертни сали. Впечатлива беше и минатата година во која Нина ги „запали“ топ-листите низ целиот регион со песната Дани и године“, за која доби и многубројни награди. Оваа песна многумина ја сметаат за вечен евергрин, а во прилог на тоа оди и фактот дека досега видеото за оваа нумера има над 15 милиони прегледи.

 

„Чаробно јутро“, „Додири од стакла“, „Да се опет теби вратим“, „Такви као ти“, „Моје очи пуне љубави“, се само дел од дискографијата на Нина Бадриќ. Најубавите песни од нејзината музичка кариера, како и низа други музички изненадувања, ќе ги изведе Нина и во Скопје на 9 јуни, во салата на Македонската филхармонија.

Влезниците се веќе во продажба од денеска, преку продажната мрежа на „Купи карти за сè“ низ цела Македонија и онлајн преку веб-страницата на ККЗС по цени од 1.200 и 1.500 денари.

Фотографија на Nina Badrić.



Врати се горе ↑