Концерт naum petreski sintezis koncert

17 декември, 2012

Концерт на Наум Петрески и Синтезис

Македонската фолк-ѕвезда Наум Петрески и етно-составот Синтезис, вечерва 17-ти декември во Универзална сала ќе одржат голем концерт на кој ќе се претстават со песните од нивниот заеднички проект „Синтезис и Наум Петрески“. Овој музички проект кој беше промовиран во април содржи десет стари македонски песни, од кои половина досега не се чуени и се непознати за јавноста, а датираат дури од крајот на 19 век.

Наум и „Синтезис“ на концертот ќе ги изведат темите: „Кираџи, млади јабанџи“, „Река газит малој моме“, „Сулејман седит на кула“, „Моме стоје“, „Што си Лено гајлелија“, „Ти ли се најде Лено мори“, „Море, кинисала Секулица“, „Стар бел дедо“, „Бликнала вода студена“ и „Стојану гости дојдоа“.

По концертната промоција, Петрески и Синтезис можно е да заминат на заедничка турнеја низ САД и Австралија. Почетокот на концертот е во 20 часот, а влезниците може да се купат во музичката продавница „Југотон“, и преку онлајн-сервисот kupikartizase.com по цена од 300 денари.



Врати се горе ↑