Концерт 602887_10151987752019443_1520953728_n

29 ноември, 2013

Концерт на Митан проект утревечер во Универзална

На 30-ти ноември ќе се одржи концертна промоција на новото издание „Патување на полноќ“ на Митан во Универзалната сала. Влезниците по цена од 300 мкд, 400 мкд и 500 мкд се веќе во продажба и можете да ги набавите преку www.kupikartizase.com или во Пола Југотон (ГТЦ 1ви спрат). Со секоја купена влезница од 500 мкд следува подарок ЦД. Гости на концертот ќе бидат хорот Злата Мегленска и Влатко Стефановски.

Новото цеде содржи 17 преработени стари македонски песни кои беа изведени во живо на полноќен концерт пред четири години во Античкиот театар, во рамките на фестивалот „Охридско лето“, кога Митан го промовираше вториот албум. Во 70 минути содржани се стари песни, како „Македонско девојче“, „Елено, ќерко Елено“, „Дејгиди луди млади години“, „Не си го продавај Кољо чифликот“, „Јовано, Јованке“…во современ ритам во интерпретација на Андријана Јаневска.

Во инструменталната екипа на проектот се: Дамир Имери (клавијатури), Ади Имери (гитара), Гоце Димовски (кавал, зурла), Газменд Бериша (виолина) и Мите Димовски-Митан (ударни инструменти).

 



Врати се горе ↑