Концерт foto - masterklas

19 март, 2013

Концерт на јапонски уметници во Скопје и Битола

Вечерва (вторник, 19-ти март, 2013) со почеток во 20:00 часот во Домот на АРМ во Скопје концерт ќе одржат неколку реномирани јапонски уметници. На покана на светски познатиот македонски тенор Благој Нацоски, во Македонија ќе настапи сопранот Нобуко Такахаши, која му беше партнерка на Нацоски во операта „Љубовен напиток“ со која тој настапи во Јапонија. Покрај Такахаши, Кацухиро Котецу избра и други седум јапонски еминенти уметници кои ќе се претстават пред македонската публика.

Благој Нацоски во текот на својот успешен двонеделен престој во Јапонија покрај настапите и одржувањето на Мастерклас за студентите по оперско пеење, успеа да иницира и воспостави контакт со господинот Кацухиро Котецу, познат јапонски оперски пејач и Претседател на Токиo Опера, режисер и продуцент, кој е добро познат и на европската публика, со Дирекцијата за култура и уметност на Скопје и Македонската и Опера и Балет.

Инаку Котецу и Нацоски иницирале редовна соработка на културно ниво помеѓу Македонија и Јапонија, така што јапонскиот продуцент и режисер ќе направи аудиција за млади оперски пејачи во МОБ за евентуални настапи во Јапонија.

Утре истиот концерт ќе биде одржан и во Центарот за култура Битола.

 

Извор: Cooltura.mk



Врати се горе ↑