Концерт плакат астреј батл

4 февруари, 2016

Концерт на грчкиот бенд „Астреј“ и електронскиот музичар Б.Атл

Културниот центар „Кула“ со задоволство го најавува вториот настан, кој е дел од програмата за 2016 година! Станува збор за грчкиот бенд „Астреј“ и скопскиот музичар и диџеј Б.Атл. Настанот ќе се одржи на 5 февруари (петок), со почеток во 20.00 часот. Поканети сте на едно необично музичко доживување, каде ќе бидат споени експерименталниот електронски звук и хеви рок музичкиот жанр.

„Астреј“ е грчки рок-бенд, кој се формира во 2007 год. во Солун. Во 2013 год. го издаваат своето прво ЕП издание и во 2016 год. прават мини-турнеја низ балканските земји, меѓу кои е вклучена и Македонија. Нивниот музички звук е под влијание на музиката на „Катедрал“, „Оринџ гоблин“, „Блек сабат“ итн.


Б.Атл е скопски диџеј познат по неговите експериментални музички вечери во „Ла Кања“. Напоредно со неговиот диџеј активизам тој создава авторска музика под истиот псевдоним. Како претконцертно загревање за „Астреј“, Б.Атл ќе ја отвори вечерта во „Кула“ со неговиот настап.



Врати се горе ↑