Концерт

24 јуни, 2019

Концерт на Градскиот дувачки оркестар во паркот „Ибни Пајко“

Во скопскиот парк „Ибни Пајко“ на 26 јуни (среда) свој концертен настап ќе има Градскиот дувачки оркестар.

На програмата на оркестарот се најавени теми од „АББА“, потоа теми како „Feelings“, „Proud Mary“, „Strangers In Тhe night“, „Final Countdown“, „Can’t Take My Eyes“, „It Don’t Mean A Thing“, „Brazil Samba“, „Girl from Ipanema“, „Bamboleo“ и „Maljiciki“.

Концертот е во организација на Младинскиот културен центар, со почеток од 20 часот.



Врати се горе ↑