Концерт

7 јуни, 2019

Концерт на Горан Таневски и „Мизар“ на 13 јуни во МКЦ

Легендарниот член и еден од основачите на култната македонска група „Мизар“ , вокалистот Горан Таневски заедно со поставата наречена „Мизар: Друго откровение“ ќе одржи концерт на 13 јуни 2019 г. во МКЦ – Скопје, воедно и премиера на првиот дел од трилогијата „Вознес“.

Од МКЦ известуваат дека сите оние што имаат купено билети за концертот на Горан Таневски и Мизар: Друго Откровение, ќе може да присуствуваат и на јавната проба на бендот ден порано,  на 12 јуни (среда), со почеток од 20 часот во МКЦ.



Врати се горе ↑