Концерт wank for peace 2

11 февруари, 2015

Концерт на француската музичка група „Венк фор пис“ во културниот центар „Кула“

Францускиот мелодичен панк бенд „Венк фор пис“ (Wank For Peace) на 12 февруари, со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во културниот центар „Кула“ во Скопје. Имено, во рамките на нивната јужно-европска турнеја, музичката група ќе го промовира своето последно ел-пи издание (LP) „Fail Forward“. Со почетната концертна локација во Невер, Франција, Французите ја продолжуват својата музичка приказна во Србија, а веќе утревечер ќе имате можност да ги погледнете во скопскиот културен центар „Кула“.

Музичкиот панк-хард-кор бенд ја започнува својата кариера во 2008 година. Тие издаваат неколку и-пи изданија (EP) и два албуми од кои „What Will Remain“ е објавен во септември 2011 и „Fail Forward“ во октомври 2014 година. Во меѓувреме тие изведуваат околу 300 перформанси во локално и интернационално опкружување. Се опишуваат себеси како чувство, начин и промена на нештата преку процес на напуштање. Како и од секој свој настап, од оваа турнеја, тие неуморно очекуваат повеќе, а повеќе информации за овој музички состав, како и примерок од нивната музика, можете да најдете на следните интернет страници:

http://www.wankforpeace.fr/
http://www.facebook.com/wankforpeace
http://wankforpeace.tumblr.com/
http://wankforpeace.bandcamp.com/album/fail-forward
http://www.youtube.com/watch?v=vQ2vgboqJQM

 



Врати се горе ↑