Концерт jazz scenario

25 јули, 2014

Концерт на „Џез сценарио“ во Битола

Битолскиот состав „Џез сценарио“ на 5 август со почеток од 21 часот ќе одржи концерт во Магаза. Вклучувајќи ги веќе познатите преработки на џез хитот „Lullaby of Birdland“ и „Samba do Avião“, концертот ќе се состои од 10 композиции кои се преработки и аранжмани на основачот и уметнички раководител на бендот, Вангел Мажевски.

Покрај Мажевски, кој свири на пијано, за прекрасната музика на „Џез сценарио“ се „виновни“ и вокалот на Денис Алитовски, басот на Дарко Бошков, тапаните на Методија Мешковски, гитарата на Методија Здравевски, трубата на Диме Цветковски, алт саксофонот на Марјан Будиноски, тенор и алт саксофонот на Мирко Митровски и тромбонот на Гоце Костурски.

Концертот е во рамките на „Бит Фест 2014“.

И.Ј.

Фотографија: Александар Јонациќ



Врати се горе ↑