Концерт dragan-mijalkovski

18 февруари, 2013

Концерт на Драган Мијалковски во Универзална

На почетокот на месец март во Универзална сала концерт ќе одржи еден од доајените на македонската забавна музика, Драган Мијалковски. Неговите безвременски рефрени ќе ги отпее во придружба на голем ревиски оркестар, а гала-вечерта е во организација на забавната програма и музичката програма на Македонската радио-телевизија. Мијалковски овој концерт го доживува како музички портрет на голем број уметници и презентација на авторите, потписници на неговите песни.

„Самиот чин, формирањето на ревискиот оркестар по повод Скопскиот фестивал 2012, e мотив на овој начин да се искористат неговата енергија, капацитетот и младоста. Сите влегоа со голем ентузијазам во овој проект. Беше природно по добрите оцени што ги доби по одржувањето на фестивалот и учеството во новогодишната програма да биде вклучен и во еден ваков настан. Сакав да го поддржам и драго ми е што мене ме одбраа како пејач, веројатно зашто сум поактивен од другите од тој далечен период на творештво и продукција. Со моето учество да ѝ дадам поддршка на таа млада екипа, на која ѝ претстои кариера“ – изјавил Мијалковски во интервју за Дневник, кое во целост можете да го прочитате на овој линк.

Во продолжение да се потсетиме на настапот на минатогодишниот Скопски фестивал, на кој Мијалковски се претстави со авторската композиција „Било кој“.

Извор и фото: Дневник



Врати се горе ↑