Концерт

13 мај, 2019

Концерт на АКУД „Мирче Ацев“ на 20 мај во Домот на АРМ

Академското културно-уметничко друштво „Мирче Ацев“ на 20 мај во Домот на АРМ ќе одржи целовечерен свечен концерт по повод одбележување 70 години постоење од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, кој веќе посетителите секоја година го очекуваат, зашто со својата долгогодишна традиција се покажа како манифестација која заслужува почит во месецот мај кој изобилува со настани од културата.

На концертот ќе настапат фолклорниот и хорскиот ансамбл на друштвото, како и неговиот народен оркестар. Солистка ќе биде пејачката Елена Петреска.

Оваа година АКУД „Мирче Ацев“ одбележува 70 години од своето постоење. Во текот на следниот период се предвидени голем број настапи и концерти, а во летниот период, пак, во план е и одржување на 40. издание на Меѓународниот студентски фолклорен фестивал.

Концертот на 20 мај, во Домот на АРМ е со почеток во 19.30 часот.



Врати се горе ↑