Концерт koncert-za-makedonija

4 декември, 2012

Концерт „Македонија секаде и секогаш“

Вечерва со почеток од 20 часот во Македонската Опера и Балет ќе биде одржан концертот „Македонија секаде и секогаш“. Поднасловот на гала-концертот е „Уметниците со љубов за името“, а го организираат група ентузијасти. Членови на иницијативниот одбор се: поетот Ефтим Клетников, оперскиот пејач Борис Трајанов, композиторот Стојан Стојков, диригентот Запро Запров, обоистот Васил Атанасов и амбасадорот Ристо Никовски.

На концертот ќе учествуваат Ансамблот на народни песни и игри „Танец“, Скопскиот дувачки квинтет, групата „Баклава“, оперските пејачи Славица Петровска-Галиќ и Марјан Николовски, поп-пејачите Ристо Самарџиев, Адријана Јаневска и групата Некст тајм, како и Бојца Арифовска на народни инструменти. Инаку, сите учесници на концертот настапуваат бесплатно, како што велат, со љубов за сопствената земја.

Билетите се по симболични 100 денари, а приходот ќе биде наменет за хумантирани цели.



Врати се горе ↑