Концерт Ana Durlovski

19 февруари, 2013

Концерт „Магичната Ана Дурловски“

Македонската филхармонија го најавува концертот насловен „Магичната Ана Дурловски“, кој ќе се одржи на 21-ви февруари во Домот на АРМ со почеток во 20 часот. Оркестарот на филхармонијата ќе настапи под раководство на добро познатиот бугарски диригент Емил Табаков, а како солист публиката ќе ја слушне Ана Дурловски која со својот волшебен глас ќе го отпее „Концертот за колоратурен сопран“, на украинско-рускиот композитор Рајнхолд Глиер.

На програмата се и Увертирата кон операта „Набуко“ од Џезепе Верди, празничната „Валпургиска ноќ“ од Шарл Гуно, како и симфониската поема „Вретеното на Омфал“ од Камиј Сен-Санс. За билети и дополнителни информации обратете се на билетарата на Македонска филхармонија 02-3238 182.



Врати се горе ↑