17 ноември, 2014

Концерт, филм и албум за 15-годишнината на „К.У.Р.“

Групата „Културно Уметнички Работници“ 15-годишнината од своето формирање ќе ја одбележи со концерт, кој ќе се одржи на 20 ноември 2014 година, во рамките на фестивалот „Синедејс“ во Младинскиот Културен Центар. Пред концертот, со почеток во 21.00 часот, во киното „Фросина“ премиерно ќе биде прикажан филмот „Денот да е радосен“, во режија на Љубица Поповска и во продукција на „Аворд филм и видео“ (Award Film & Video).

Покрај ова Работниците својот јубилеј го одбележуваат и со својот нов, петти по ред, албум, кој веќе е достапен за бесплатно преземање на нивната веб страна.

За време на концертот во МКЦ, албумот ќе може да се набави на цеде, а ќе има и маици од Работниците. На албумот свират и пеат: Мирослав Тодоровски – вокал, Трајче Митрески – гитара, вокал, Марјан Китановски – гитара, вокал, усна хармоника, гајда, Jaw Harp, Божо Вучиниќ – гитара, вокал, Владимир Стојчевски – бас гитара, Андреј Анастасов Еди – тапани, Слободан Хаџи Илиев – тапани, Дарко Поповски Блуз – клавијатури.

Музиката, текстовите и аранжманите се на „Културно Уметнички Работници“, цртежот на обвивката е на Марко Георгиевски. Албумот е снимен во „Студио кај Трајче“, а како музички продуценти се јавуваат Трајче Митрески и Дарко Поповски Блуз.



Врати се горе ↑