Концерт

18 јуни, 2019

Концерт „Амбасада на мајсторство“ од Санкт Петербург во Битола

Во Центарот за култура во Битола денеска ќе се одржи концерт на солисти од Домот на музика од Санкт Петерсбург, со поддршка од претставништвото на државната агенција Россотрудничество, Амсадата на Русија и Почесниот конзул на Русија во Битола.

На концертот ќе настапат солистите Ана Грот на пијано, Алексеј Савинков на обоа и Камиљ Мухаметдинов на виолончело, а програмата вклучува дела од Пуленк, Шуман, Чајковски, Телеман, Хачатурјан и Шостакович. Уметнички директор на Домот на музика е професор Сергеј Ролдугин.

Концертот е насловен „Амбасада на мајсторство“ и е со почеток во 19.00 часот, а влезот е бесплатен.



Врати се горе ↑