Свет 10659306_10152679188205079_3008861383554528891_n

16 март, 2015

Комплетната дискографија на Еминем за 225 долари

Еминем го објави изданието насловено „The Official Eminem Box Set“ – колекција од 10 дискови коишто ја содржат целокупната досегашна дискографија на раперот. Имено, колекционерите и љубителите на музиката на Слим Шејди можат да ја набават оваа колекција за 225 долари, со што ќе ги добијат сите студиски албуми на винил, како и саундтракот за филмот „8 Mile“ и компилацијата на „Шејди рекордс“ од 2006 година, „The Re-Up“.

Познатиот рапер во последно време е мошне ретроспективно расположен, а покрај минатогодишното издание „Shady XV“, со кое одбележа 15 години кариера, се појави и во документарниот филм за етикетата „Шејди рекордс“, заедно со колегите Д-р Дре и Фифти Сент. Филмот насловен Not Afraid, кој можете да го прегледате во продолжение, ја раскажува приказната за етикетата која Еминем ја лансираше непосредно по објавувањето на албумот „The Slim Shady LP“ во 1999 година.

 



Врати се горе ↑