8 октомври, 2015

Комичен видео запис на Тамара и ДНК

Долгоочекуваниот видео запис за хитот „Фрази љубовни“ на Тамара Тодевска и ДНК од денеска ќе можете премиерно да го видите на Јутјуб и на македонските телевизии. Комичното видео раскажува за два простодушни ликови кои се загреани по супер ѕвезда од естрадата. Видеото се снимаше во Охрид во „Вила Бисера“ и е во продукција на „Горила филмс“, а во режија на Горан Костадинов и Владимир Ивановски – Дади. Песната што сè уште е радиски хит е дел од албумот „Еден ден“, кој Тамара го промовираше во јули годинава. „Фрази љубовни“ е дело на Лазар Цветкоски, а текстот го напишаа Магдалена Цветковска Ена и Владимир Блажев.



Врати се горе ↑