Галерија pm

18 септември, 2015

Колумбиски уметник ги нацрта познатите личности со своите помлади верзии

Познатите личности инспирирале и сè уште инспирираат милиони луѓе ширум светот, но секогаш најинтересни се интерпретациите на уметниците. Токму таков е случајот со колумбискиот илустратор Фулалео Обремор, кој го создаде проектот „Јас и моето друго јас“, во чии рамки се најдоа седум машки икони со своите помлади верзии.

Обремор заБазфид“ (Buzzfeed) изјави дека за секоја илустрација биле потребни околу три часа, најкомплициран дел бил почетокот, а самиот процес бил „мошне исцрпувачки“. Ги избрал овие личности бидејќи бил инспириран од „брилијантни луѓе со добра приказна“ и бидејќи пронашол инспирација во нивната „музика, мода и филмови“. Од сите овие фотографии омилена му била онаа со Мајкл Џексон заради „композицијата и експресиите“.

Како изгледаат Пол Макартни, Мик Џегер, Мајкл Џексон, Роберт Дениро, Стив Џобс, Ал Пачино и Бил Гејтс со своите помлади верзии можете да погледнете во продолжение.



Врати се горе ↑