Македонија dnk spot 1

17 септември, 2014

Колку вложуваат македонските музичари во својата популарност?

Мора да се вложува, без разлика на тоа колку си популарен. Пејачите работат по принципот „фрли рипче, фати крапче”. Две снимени композиции за една година може да ги издигне на врвот и да им обезбеди настапи, кои најчесто се и нивниот единствен финансиски извор. Сепак, најбитен е квалитетот, а не квантитетот. Eдна песна чини од 1500 до 2000 евра. За високовалитетните спотови тие вложуваат по 3000 евра. За да ја одржат популарноста во текот на една година, пејачите даваат по 10 000 евра. Поевтино поминуваат тие што се и автори.

Според Андреј и Панчо од дуото ДНК, песни не се прават само за да бидеш популарен. Тие што работат на овој начин згаснуваат по некоја година. Публиката има префинет вкус, но и чувствува кој работи за пари, а кој од љубов: „Технички, доволни се две песни во годината. Но, емоциите не можат да се контролираат, па може да се случи да снимите и повеќе. Привилегија е да се најде вистинскиот автор, а наша среќа е што го имаме Лазар Цветкоски. Тоа е човекот што во срцето има акумулирано многу музика. Мастерингот го работиме во Лондон во студиото ’Еби роуд’, кое е центар на светската продукција“, појаснуваат момците од дуото, според кои може да се најдат многу ентузијасти или квазипродукции што со својот непрофесионален пристап ја срамат македонската видеопродукција.

„Ние не можеме да си дозволиме импровизации, бидејќи една грешка може да нè врати години. За врвен видеозапис цената се движи од 2500 до 4000 евра. Во последните години соработуваме исклучиво со ’Томато продукција’, која е македонски и светски бренд“, дополнуваат тие.

Што имаат да кажат на оваа тема нивните колеги Дарко Илиевски, Андријана Јаневска и Виктор Апостоловски, можете да прочитате во прилогот на Соња Алексоска – Неделковска за „Дневник“.



Врати се горе ↑