7 јули, 2017

„Колдплеј“ со хуманитарен сингл за мигрантите

„Колдплеј“ продолжува со серијата песни што го најавуваат претстојното ЕП издание „Kaleidoscope“, закажано за 14 јули, а најновата од нив е темата насловена „A L I E N S“, која е снимена во соработка со легендарниот Брајан Ино (Brian Eno) и чии средства од продажбата ќе одат во хуманитарни цели, односно за меѓународната невладина организација за спас на мигрантите на море, МОАС (Migrant Offshore Aid Station). Сето тоа е прикажано и во текстуалното видео во режија на Дајен Мартел и Бен Џонс, кое следи семество на вонземјани кои бегаат од нивната планета.

Имајќи ги предвид досега објавените синглови, се чини дека новото издание на британскиот бенд ќе биде доста шаренолико, опфаќајќи повеќе жанрови. Покрај „A L I E N S“, на него ќе се најдат и соработките со „Чејнсмоукерс“ и Биг Шон, „Something Just Like This“ и „Miracles (Someone Special), како и „Hypnotized“ и „All I Can Think About Is You“.

 



Врати се горе ↑