Аудио cp

30 ноември, 2014

„Колдплеј“ снимија песна за филмот „Нескршено“

Иако има уште неколку недели до премиерата, филмот „Нескршено веќе изгледа дека ќе биде кандидат за Оскар, а за вториот режисерски обид на Анџелина Џоли, по сценарио на Џоел и Итан Коен, свој придонес дадоа и момците од британската група „Колдплеј“, кои ја снимија песната насловена „Miracles“.

Мал дел од оваа песна веќе може да се слушне во рамките на рекламата за празничната програма на британскиот канал „Скај мувис“ (Sky Movies), а сето тоа можете да го видите во продолжение.

 

Британскиот бенд деновиве го објави и видео записот за темата „Ink“, која е четврт сингл од нивниот актуелен албум „Ghost Stories“, но интересно е тоа што истиот е во форма на интерактивно видео во кое можете да учествувате и вие. Покрај видеото, на 24 ноември беше објавено и изданието „Ghost Stories Live 2014“, на кое темите од последниот албум се отпеани во живо.

 



Врати се горе ↑