Аудио hpntzd

5 март, 2017

„Колдплеј“ се „Хипнотизирани“

После минатогодишниот албум „A Head Full of Dreams“, британската група „Колдплеј“ реши да ги објави преостанатите неколку песни од овој материјал, па така на 2 јуни ќе стигне ЕП изданието насловено „Kaleidoscope“.

Како прв сингл неодамна беше објавена соработката со „Чејнсмоукерс“, „Something Just Like This“, а деновиве стигна и темата „Hypnotized“, чиј текстуален видео запис можете да го погледнете во продолжение. Уживајте!

 

Инаку, „Kaleidoscope“ ќе биде 13. по ред ЕП издание за екипата на Крис Мартин, а покрај „Something Just Like This“ и „Hypnotized“, ќе ги содржи и темите „ALIENS“, „Miracles 2“ и „All I Can Think About Is You“. 



Врати се горе ↑