Видео coldplay-660x420

23 април, 2014

Колдплеј претстави уште една нова песна: Слушнете ја „Oceans“

Можеби извесен период беа отсутни од музичката сцена, но затоа сега скоро секој ден има по нешто ново од Колдплеј. Првата песна која се појави „како гром од ведро небо“ беше навистина невообичаената тема „Midnight“ која пристигна заедно со видео запис, а неодамна доби и свое ремикс издание од легендарниот Џорџо Мородер, потоа стигна и првиот сингл „Magic“ со кој и официјално е најавен нивниот шести по ред студиски албум „Ghost Stories“, закажан за 19 мај.

Момците од популарниот британски бенд деновиве гостуваа во BBC Radio 1, каде што изведоа уште една нова песна од претстојното издание. Станува збор за темата насловена „Oceans“ која во акустична верзија можете да ја слушнете во продолжение, а веднаш потоа и актуелниот сингл „Magic“.

Уште една вест поврзана со британскиот состав е специјална емисија на американската телевизија NBC, во чии рамки ќе биде промовиран материјалот од новиот албум. Едночасовната емисија која ќе се емитува еден ден пред објавувањето на албумот, ќе содржи снимки од нивниот настап во Лос Анџелес од март годинава, како и изведби на неколку постари хитови како што се „Viva La Vida“, „Clocks“ и други. Промотивното видео можете да го видите во продолжение.

 



Врати се горе ↑