Свет coldplay-660x420

4 ноември, 2012

Колдплеј најавуваат албум во живо и филм

Британскиот бенд Колдплеј наскоро ќе објави албум во живо „Coldplay Live 2012“ и истоимен концертен филм. Филмот е во режија на Пол Дагдејл, кој минатата година беше задолжен и за концертниот филм на Адел “Live at Royal Albert Hall“. Светската премиера на филмот ќе биде на 13ти ноември во повеќе од педесет земји, а потоа ќе има и ТВ премиера на американската мрежа EPIX. Во филмот се вметнати снимки од концертите во Париз, Монтреал и од фестивалот Гластонбери.

Албумот ќе го има низ продажните места на 19ти ноември, а заедно со него фановите ќе можат да го купат и „интерактивниот ауди0-визуелен дсик“ со наслов „Mylo Xyloto Live“, кој е достапен преку сервисот АјТјунс (iTunes), а на кој се наоѓаат и интерактивна мапа, интервјуа со членовите на бендот и ексклузивни фотографии снимени позади сцената.

Во продолжение погледнете го трејлерот за концертниот филм.

 

 



Врати се горе ↑