Видео coldplay_live_video_still

20 мај, 2014

Колдплеј ја претставија емисијата „Ghost Stories“

Британскиот бенд Колдплеј вчера го објави својот шести по ред студиски албум насловен „Ghost Stories“, а како најава за изданието беше претставена и истоимената едночасовна специјална емисија на американскиот канал NBC. Во рамките на оваа емисија групата го промовираше новиот материјал преку исечоци од видео снимки и изведби на новите песни, како и неколку постари хитови. Изведбите на песните „Magic“, „A Sky Full of Stars“ и „Viva La Vida“ можете да ги погледнете во продолжение, како и официјалниот аудио запис на темата „A Sky Full of Stars“ која ја продуцираше популарниот шведски диџеј и продуцент Авичи.

 

 



Врати се горе ↑